Политика за заштита на приватност

(А) Известување

Резиме: Со ова известување се објаснува како можеме да ги обработиме вашите лични податоци. Известувањето одвреме-навреме може да биде изменето или ажурирано и затоа редовно проверувајте ги ажурирањата.

Известувањето го издава „Etex NV“ во свое име, во име на своите подружници и филијали (заедно, „Etex NV“, „ние“, „нас“ и „наш“) и е наменето за лица вон нашата организација со коишто комуницираме, вклучувајќи клиенти, посетители на нашите страници и други корисници на наши производи или услуги (заедно, „вие“). Дефинираните термини коишто се користат во известувањето се објаснети во делот (О) подолу.

За целите на ова известување, контролор е „Etex NV“. Податоците за контакт се дадени во делот (Њ) подолу.

Ова известување одвреме-навреме може да биде изменето или ажурирано со цел да ги одрази измените во нашите практики во однос на обработката на лични податоци, или измени во важечкиот закон. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате известувањето и редовно да ја проверувате страницава за преглед на кои било измени коишто може да ги правиме во согласност со условите од ова известување.

(Б) Собирање лични податоци

Резиме: Можеме да собираме или да добиеме лични податоци за вас: директно од вас (на пр., каде што нè контактирате), во текот на нашата врска со вас (на пр., ако купите), кога ќе ги направите јавни личните податоци (на пр., ако објавувате јавна објава за нас на социјални мрежи), кога ги посетувате нашите страници; кога се регистрирате за да користите кои било наши страница, производи или услуги, или кога ќе стапите во контакт со која било содржина на трета страна или ќе рекламирате на страница. Исто така, можеме да примаме лични податоци за вас од трети страни (на пр., органи за спроведување закон).

Собирање лични податоци: Можеме да собираме лични податоци за вас од следниве извори:

  • Податоци коишто ги доставувате: можеме да ги добиеме вашите лични податоци кога вие ќе ни ги доставите (на пр., кога нè контактирате преку е-пошта или телефон или на кој било друг начин, или кога ќе ни доставите деловна картичка).
  • Податоци за врска: можеме да собираме или да добиеме лични податоци во текот на нашата врска со вас (на пр., ако купите производ или услуга од нас).
  •  Податоци коишто ги објавувате јавно: можеме да собираме или да добиеме лични податоци коишто јасно бирате да ги објавувате јавно, вклучувајќи преку социјални медиуми (на пр., можеме да собираме информации од профилот(илите) на социјалните медиуми ако објавите јавна објава за нас).
  • Податоци за страница: можеме да собираме или да добиеме лични податоци кога посетувате која било од нашите страници или кога користите кои било карактеристики или извори коишто се достапни на или преку страница.
  • Податоци за регистрација: можеме да собираме или да добиеме лични податоци кога користите или се регистрирате за да користите кои било од нашите страниции, производи или услуги.
  • Содржина и информации за рекламирање: Ако изберете да стапите во комуникација со која било содржина на трета страна или да рекламирате на страница, можеме да примиме лични податоци за вас од соодветната трета страна.
  • Информации од трета страна: Можеме да собираме или да добиеме лични податоци од трети страни коишто ни ги доставуваат (на пр., агенции за кредитна препорака, органи за спроведување закон и т.н.)

(В) Создавање лични податоци

Резиме: Исто така, можеме да создадеме лични податоци за вас, како што се записи од вашите комуникации со нас и податоци од историјата на купување.

Исто така, можеме да создадеме лични податоци за вас, како што се записи од вашите комуникации со нас и податоци од историјата на купување.

(Г) Категории на лични податоци коишто можеме да ги обработиме

Резиме: можеме да ги обработиме: личните податоци (на пр., име), демографски податоци (на пр., возраст), податоци за контакт (на пр., адреса), записи за согласности, податоци за купување, податоци за плаќање (на пр., адреса за фактурирање), информации за нашите страници (на пр., типот на уред којшто го користите), податоци за работодавач (каде што е важно), информации за вашите комуникации со нашата содржина или рекламирање; и кои било прикази или мислења коишто ќе ни ги доставите.

Можеме да ги обработиме следниве категории лични податоци за вас:

  • Лични податоци: име(иња); претпочитано име
  • Демографски информации: пол, датум на раѓање/возраст, националност, насловување, функција и приоритети за јазик.
  • Податоци за контакт: адреса за преписка, адреса, телефонски број, адреса за е-пошта и податоци за вашите јавни профили на социјалните медиуми.
  • Записи за согласност: записи за кои било согласности коишто можеби сте ги дале, заедно со датум и време, начини на согласност и кои било поврзани информации (на пр., предметот на согласноста).
  • Податоци за купување: записи за купување и цени, име на примач, адреса, телефонски број за контакт и адреса за е-пошта.
  • Податоци за плаќање: записи за фактура, записи за плаќање, адреса за фактурирање, начин на плаќање, број на банкарска сметка или број на кредитна картичка; носител на картичка или име на носител на сметка; податоци за безбедност на картичка или сметка; датум на картичка „важи од“; и датум на истекување важност; податоци за BACS; податоци за SWIFT; податоци за IBAN; износ за плаќање, датум на плаќање и записи за чекови.
  • Податоци коишто се однесуваат на наши страници: тип на уред, оперативен систем, тип на прелистувач, поставки за прелистувач, IP-адреса; поставки за јазик, датуми и времиња на поврзување на страница, корисничко име, податоци за безбедност на најава, податоци за користење, збирни статистички информации.
  • Податоци за работодавач: каде комуницирате со нас во својство на вработен, името, адресата, телефонскиот број и адресата за е-пошта на работодавачот, во степен во којшто е тоа важно.
  • Податоци за содржина и рекламирање: записи за интеракции со нашето рекламирање на интернет и содржина, записи за рекламирање и содржина прикажани на страниците коишто ви се прикажуваат и која било интеракција којашто можеби сте ја имале со таква содржина или рекламирање (вклучувајќи лебдење со глувчето, кликнувања со глувче, кои било формулари коишто ги пополнувате (вклучувајќи нецелосни формулари коишто не се поднесени) и кои било интеракции со екран на допир).
  • Ставови и мислења: кои било ставови и мислења коишто ќе изберете да ни ги испратите или јавно ќе објавите за нас на платформите на социјалните медиуми.

(Д) Законска основа за обработка на лични податоци

Резиме: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што: сте дале претходна директна согласност, обработката е неопходна за меѓусебен договор, обработката е задолжителна според важечкиот закон, обработката е неопходна за заштита на виталните интереси на секој поединец, или каде што имаме важечки законски интерес за обработката.

При обработката на личните податоци во врска со целите поставени во ова известување, можеме да се потпреме на една или повеќе од следниве законски основи, во зависност од условите:

  • Согласност: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што сме добиле ваша претходна директна согласност за обработката (оваа законска основа се користи само во однос на обработка којашто е целосно на доброволна основа – не се користи за обработка којашто е неопходна или задолжителна на кој било начин);
  • Неопходност според договор: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што обработката е неопходна во врска со кој било договор којшто можете да го склучите со нас;
  • Усогласеност со важечкиот закон: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што обработката е задолжителна според важечкиот закон;
  • Витални интереси: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што обработката е неопходна за заштита на виталните интереси на секој поединец или
  • Законски интереси: можеме да ги обработиме личните податоци онаму каде што имаме законски интерес за извршување на обработката за целите на управување, работење или промовирање на нашата деловна активност, и тој законски интерес не е надминат од вашите интереси, основни права или слободи.

(Ѓ) Чувствителни лични податоци

Резиме: не бараме да собираме или на друг начин да ги обработиме вашите чувствителни лични податоци. Онаму каде што ни е потребно да ги обработиме чувствителните лични податоци за законска цел, постапуваме во согласност со важечкиот закон.

Не бараме да собираме или на друг начин да ги обработиме вашите чувствителни лични податоци во вообичаениот ток на нашето работење. Онаму каде што ќе биде неопходно да ги обработиме чувствителните лични податоци, се потпираме на една од следниве законски основи:

  • Усогласеност со важечкиот закон: можеме да ги обработиме чувствителните лични податоци онаму каде што важечкиот закон бара или дозволува обработка (на пр., за усогласување со нашите обврски за извештаи за разноликост);
  • Откривање и спречување злосторство: можеме да ги обработиме чувствителните лични податоци онаму каде што обработката е неопходна за откривање или спречување злосторство (вклучувајќи го и спречувањето измама);
  • Воспоставување, остварување или одбрана на законски права: можеме да ги обработиме чувствителните лични податоци онаму каде што обработката е неопходна за воспоставување, остварување или одбрана на законските права или
  • Согласност: можеме да ги обработиме чувствителните лични податоци онаму каде што сме, во согласност со важечкиот закон, добиле ваша претходна директна согласност пред обработка на чувствителните лични податоци (оваа законска основа се користи единствено во врска со обработка којашто е целосно доборволна-не се користи за обработка којашто е неопходна или задолжителна на кој било начин).

(Е) Цели за коишто можеме да ги обработиме личните податоци

Резиме: можеме да ги обработиме личните податоци за следниве цели: доставување производи и услуги, работење со нашите страници; комуницирање со вас, управување со нашите системи за информатичка технологија, здравје и безбедност, управување со финансии, спроведување анкети; обезбедување безбедност на нашите простории и системи, спроведување проверки онаму каде што е неопходно, усогласување со важечкиот закон и подобрување на нашите локации, производи и услуги.

можеме да ги обработиме личните податоци за следниве цели коишто подлежат на важечки закон:

  • Нудење производи и услуги: нудење на нашите страници, производи или услуги, нудење на производите и услугите коишто сте ги побарале, нудење промотивни ставки на ваше барање и комуницирање со вас во врска со овие производи и услуги.
  • Наши страници: работење и управување со наши страници, обезбедување содржина за вас, прикажување реклами и други информации, комуницирање и интеракција со вас преку нашите страници и да ве известиме за измени на кои било од нашите страници, производи или услуги.
  • Комуникации: комуникација со вас преку кои било средства (вклучувајќи преку е-пошта, телефон, текстуална порака, социјални медиуми, објава или лично) за новости и други информации коишто можеби ќе ве интересираат, под услов да се гарантира дека таквите комуникации ќе ви бидат обезбедени во согласност со важечкиот закон; одржување и ажурирање на вашите информации за контакт каде што е потребно и добивање ваша претходна согласност каде што е потребно.
  • Комуникации и операции на информатичка технологија: управување со нашите системи за комуникација, работење на безбедносни системи на информатичка технологија и ревизии на безбедност на информатичка технологија.
  • Здравје и безбедност: проценки на здравје и безбедност и водење евиденција, и усогласување со соодветните законски обврски.
  • Управување со финансии: продажби, финансии, корпоративна ревизија и управување со продавачи.
  • Анкети: интеракција со вас, со цел да добиеме ваши ставови за наши производи и услуги.
  • Безбедност: физичка безбедност на нашите простории (вклучувајќи евиденција на посети на нашите простории и снимки CCTV); и електронска безбедност (вклучувајќи евиденција на најави и податоци за пристап).
  • Истраги: откривање, истражување и спречување прекршување политика и кривични дела, во согласност со важечкиот закон.
  • Законски постапки: воспоставување, остварување и одбрана на законски права.
  • Законска усогласеност: усогласеност со нашите законски и регулаторни обврски според важечкиот закон.
  • Подобрување на наши страници, производи и услуги: препознавање проблеми на наши страници, производи или услуги; планирање подобрувања на наши страници или услуги и создавање нови страници, производи или услуги.

(Ж) Откривање лични податоци на трети страни

Резиме: можеме да ги откриеме личните податоци на: законски и регулаторни органи, на наши надворешни
советници, наши процесори, секоја страна којашто е потребна во врска со законски постапки, секоја страна којашто е потребна за истражување, откривање или спречување кривични престапи, секој клиент на нашата деловна активност и секои трети страни даватели на услуги, додатоци или содржина коишто се користат на наши страници.

можеме да ги откриеме личните податоци на други субјекти во рамките на групацијата Etex, за законски работни цели (вклучувајќи управување со наши страници и обезбедување производи и услуги за вас) во согласност со важечкиот закон. Дополнително, можеме да ги откриеме личните податоци на:

  • законски и регулаторни органи, на барање, или поради пријавување на какво било вистинско или сомнително прекршување на важечкиот закон или регулатива;
  • книговодители, ревизори, адвокати и други надворешни стручни советници на Etex, кои подлежат на обврзувачки договорни обврски за доверливост;
  • процесори од трети страни (како што се даватели на платежни услуги, фирми за транспорт и т.н.) лоцирани каде било во светот, коишто подлежат на критериумите запишани подолу во овој дел (Ж);
  • која било соодветна страна, агенција за спроведување закон или суд, до степен којшто е неопходен за воспоставување, остварување или одбрана на законските права;
  • која било соодветна страна за цели на спречување, истражување, откривање или прогон за кривични дела или извршување на кривчни казни, вклучувајќи заштита од и спречување закани по јавната безбедност:
  • која било соодветна страна стекнувач(и), во случај да продадеме или пренесеме сè или кој било соодветен дел од нашата деловна активност или имот (вклучувајќи во случај на реорганизација, распаѓање или ликвидација) и
  • кој било соодветен давател на услуги од трета страна, каде што нашите страници користат рекламирање, додатоци или содржина. Ако изберете да стапите во комуникација со такво рекламирање, додатоци или содржина, вашите

лични податоци може да бидат споделени со соодветниот давател на услуги од трета страна. Препорачуваме да ја прегледате политиката за приватност на таа трета страна пред да стапите во комуникација со нејзините рекламирање, додатоци или содржина.

Ако ангажираме процесор од трета страна за обработка на личните податоци, процесорот ќе подлежи на обврзувачки договорни обврски да: (i) ги обработи само личните податоци во согласност со нашите претходно напишани упатства; и (ii) користи мерки за заштита на доверливоста и безбедноста на личните податоци, заедно со кои било дополнителни критериуми според важечкиот закон.

(З) Меѓународен пренос на лични податоци

Резиме: можеме да ги пренесеме личните податоци на примачи во други земји. Кога пренесуваме лични податоци од ЕЕЗ на примач надвор од ЕЕЗ, којшто не е во соодветна судска надлежност, тоа го правиме врз основа на стандардни договорни клаузули.

Поради меѓународната природа на нашата деловна активност, можеби ќе биде потребно да ги пренесеме личните податоци во рамките на групацијата Etex и на трети страни, како што е запишано во дел (Ж) погоре, во врска со целите поставени во ова известување. Од оваа причина, можеме да ги пренесеме личните податоци во други земји коишто можеби имаат поинакви закони и критериуми за усогласеност на заштита на податоци во однос на оние коишто се применуваат во земјата во којашто се наоѓате.
Кога пренесуваме ваши лични податоци од ЕЕЗ на примачи коишто се наоѓаат надвор од ЕЕЗ, коишто не се во соодветна судска надлежност, тоа го правиме врз основа на стандардни договорни клаузули. Можете да побарате примерок од нашите [Стандардни договорни клаузули] со помош на податоците за контакт во делот (Њ) подолу.

Имајте предвид дека кога пренесувате кои било лични податоци директно на субјект на Etex којшто е основан надвор од ЕЕЗ, не сносиме одговорност за тој пренос на лични податоци. Ние секако ќе ги обработиме личните податоци, од моментот кога ќе ги добиеме, во согласност со одредбите од политиката за приватност.

(Ѕ) Безбедност на податоци


Резиме: спроведуваме соодветни технички и организациски мерки на безбедност за заштита на личните податоци. Проверете дали кои било лични податоци коишто ни ги испраќате, се испратени безбедно.
Спроведовме соодветни технички и организациски мерки на безбедност, дизајнирани за заштита на личните податоци од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање, неовластен пристап и други незаконски или неовластени форми на обработка, во согласност со важечкиот закон.

Бидејќи интернетот е отворен систем, преносот на информации преку интернет не е целосно безбеден. И покрај тоа што ќе ги спроведеме сите разумни мерки за заштита на личните податоци, не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци коишто ни се пренесени преку интернет - кој било таков пренос е на ваш сопствен ризик и имате одговорност да се осигурите дека сите лични податоци коишто ни ги испраќате, се испратени безбедно.

(И) Точност на податоци

Резиме: го преземаме секој разумен чекор за да гарантираме дека личните податоци се чуваат точни и ажурирани и се бришат или коригираат ако дознаеме дека се неточни.

Го преземаме секој разумен чекор за да гарантираме дека:

  • личните податоци коишто ги обработуваме, се точни и, каде што е неопходно, се ажурирани, и
  • кои било од личните податоци коишто ги обработуваме, а коишто се неточни (имајќи ги предвид целите за коишто тие се обработени) се избришани или коригирани без одложување. Одвреме-навреме може да побараме да ни ја потврдите точноста на личните податоци.

(Ј) Минимизирање податоци

Резиме: го преземаме секој разумен чекор за да го ограничиме обемот на личните податоци на потребниот.

Го преземаме секој разумен чекор за да гарантираме дека личните податоци коишто ги обработуваме, се ограничени на лични податоци коишто се разумно потребни во врска со целите коишто се поставени во ова известување.

(К) Задржување податоци

Резиме: го преземаме секој разумен чекор за да гарантираме дека личните податоци се чуваат само онолку колку што се потребни. Го преземаме секој разумен чекор за да гарантираме дека личните податоци се обработуваат само за минималниот период неопходен за целите коишто се поставени во ова известување.

Критериумите за одредување на времетраењето за коешто ќе ги чуваме личните податоци, се како што следува:

  • ќе чуваме примероци од личните податоци во форма којашто дозволува идентификација само онолку време колку што е потребно поради целите наведени во ова известување, освен ако важечкиот закон бара подолг период на чување. Особено, можеме да ги задржиме личните податоци за времетраењето на кој било период неопходен за воспоставување, остварување или одбрана на какви било законски права.

(Л) Ваши законски права

Резиме: според важечкиот закон, можете да имате голем број права, вклучувајќи: правото да не ни ги доставите личните податоци, правото на пристап до личните податоци, правото на барање коригирање на неправилности, правото на барање бришење или ограничување на обработката на личните податоци, правото на приговор кон обработката на личните податоци, правото да ги пренесете личните податоци на друг контролор; правото на повлекување на согласност и правото на поднесување жалби до органите за заштита на податоци. Можеби ќе бараме доказ за вашиот идентитет пред да ги оствариме овие права.

Според важечкиот закон, можете да имате голем број права во врска со обработката на вашите соодветни лични податоци, вклучувајќи:

  • правото да не ни ги доставите личните податоци (сепак, имајте предвид дека можеби нема да можеме да ви ја обезбедиме целосната придобивка од нашите страници, производи или услуги ако не ни ги доставите личните податоци – на пр., можеби нема да можеме да ги обработиме вашите нарачки без потребните детали);
  • правото да барате пристап до, или примероци од вашите соодветни лични податоци, заедно со информации во врска со природата, обработката и откривањето на тие соодветни лични податоци;
  • правото да барате коригирање на какви било неточности во вашите соодветни лични податоци;
  • правото да барате, според законска основа:
    • бришење на вашите соодветни лични податоци; и
    • ограничување на обработката на вашите соодветни лични податоци;
  • правото на приговор, на законска основа, кон обработката на вашите соодветни лични податоци од нас или во наше име;
  • правото одредени соодветни лични податоци да бидат пренесени на друг контролор, во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат, до степен којшто е применлив;
  • кога ги обработуваме вашите соодветни лични податоци врз основа на ваша согласност, правото да ја повлечеме таа согласност (напоменувајќи дека таквото повлекување не влијае на законитоста на која било обработка којашто е извршена пред датумот на којшто сме добиле известување за таквото повлекување и не ја спречува обработката на вашите лични податоци, потпирајќи се на која било друга достапна законска основа); и
  • правото на поднесување поплаки до орган за заштита на податоци во врска со обработката на вашите соодветни лични податоци од нас или во наше име.

Ова не влијае на вашите статутарни права.

За да остварите едно или повеќе од овие права, или за да поставите прашање за овие права или која било друга одредба од ова известување, или за нашата обработка на личните податоци, користете ги деталите за контакт дадени во дел (Њ) подолу. Имајте предвид дека:

  • можеби ќе бараме доказ за вашиот идентитет пред да ги дозволиме овие права, и
  • кога вашето барање бара воспоставување дополнителни факти (на пр., утврдување дали некоја обработка не е во согласност со важечкиот закон), ние веднаш разумно ќе го истражиме вашето барање пред да одлучиме што да преземеме.

(Љ) Колачиња и слични технологии

Резиме: можеме да ги обработиме личните податоци со поставување или читање колачиња и слични технологии. За повеќе информации, погледнете ја нашата политика за колачиња.

Кога посетувате страница, можеме да поставиме колачиња на вашиот уред или да читаме колачиња коишто се веќе на вашиот уред, под услов секогаш да добиеме согласност, онаму каде што е потребно, во согласност со важечкиот закон. Колачињата ги користиме за да снимиме информации за ваши уред, прелистувач, а во некои случаи, и ваши приоритети и навики за прелистување. Можеме да ги обработиме личните податоци преку колачиња и слични технологии, во согласност со нашата политика за колачиња.

(М) Услови за користење

Резиме: нашите услови и одредби го регулираат секое користење на нашите страници. Секое користење на нашите страници, производи или услуги, подлежи на нашите услови и одредби. Препорачуваме редовно да ги прегледате условите и одредбите, со цел да ги прегледате сите измени коишто можеби ги правиме одвреме-навреме.

(Н) Директен маркетинг

Резиме: можеме да ги обработиме личните податоци за да ве контактираме со информации во врска со производи или услуги коишто можеби ќе ве интересираат. Можете да ја откажете претплатата бесплатно во секое време. Можеме да ги обработиме вашите лични податоци за да ве контактираме преку е-пошта, телефон, директна пошта или други формати на комуникација за да ви обезбедиме информации во врска со производи или услуги коишто можеби ќе ве интересираат. Ако ви доставиме производи или услуги, може да ви испратиме информации во врска со нашите производи или услуги, претстојни промоции и други информации коишто можеби ќе ве интересираат, користејќи ги податоците за контакт што ни ги доставивте, а секогаш во согласност со важечкиот закон.

Можете да ја откажете претплатата од нашиот список на промотивна е-пошта во секое време преку:

  • едноставно кликнување на врската за откажување претплата, вклучена во секоја промотивна е-пошта којашто ви ја испраќаме. Откако ќе ја откажете претплатата, повеќе нема да ви испраќаме промотивни е-пошти, но можеби ќе продолжиме да ве контактираме до степен во којшто е тоа неопходно за целите на кои било производи или услуги коишто сте ги побарале.
  • Или можете да ги ажурирате приоритетите за контакт во секое време посетувајќи го нашиот Приоритет за контакт

(Њ) Податоци за контакт

Резиме: можете да нè контактирате преку пошта, телефон, е-пошта или со помош на нашиот формулар за контакт на интернет. Ако имате какви било коментари, прашања или загриженост за некои од информациите во ова известување, или какви било други проблеми во врска со обработката на лични податоци којашто ја извршуваме ние или е извршена во наше име, ве молиме, контактирајте:

Службеник за заштита на приватност
Etex SA/NV 
PassPort Building
Luchthaven Brussel Nationaal, Gebouw 1K
1930 Zaventem
Belgium

info@etexgroup.com

(О) Дефиниции

  • „Соодветна судска надлежност“ е надлежност којашто е формално назначена од европската комисија и којашто обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.
  • „Колачиња“ значи мала датотека којашто се поставува на вашиот уред кога посетувате веб-страница (вклучувајќи и наши страници). Во ова известување, упатувањето на „колаче“ вклучува аналогни технологии, како што се веб-точки и чисти GIF-слики.
  • „Контролор“ значи субјектот којшто одлучува како и зошто се обработуваат личните податоци. Во многу судски надлежности, контролорот има примарна одговорност за усогласување со важечките закони за заштита на податоците.
  • „Орган за заштита на податоци“ значи независен јавен орган којшто има законска задача да го надгледува усогласувањето со важечките закони за заштита на податоците.
  • „ЕЕЗ“ значи Европска економска заедница.
  • „Лични податоци“ значи информации во врска со кој било поединец, или од коишто кој било поединец, директно или индиректно може да се идентификува, а особено со упатување на идентификатор како што се име, број за идентификација, податоци за локација, идентификатор на интернет или на еден или повеќе фактори специфични за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на тој поединец.
  • „Процес“, „обработка“ или „обработено“ значи сè што е направено со какви било лични податоци, без разлика дали со или без автоматски средства, како што се собирање, снимање, организација, структурирање, складирање, прилагодување или изменување, обновување, консултација, употреба, откривање преку пренос, ширење или на друг начин ставање на располагање, усогласување или комбинација, ограничување, бришење или уништување.
  • „Процесор“ значи кое било лице или субјект којшто обработува лични податоци во име на контролорот (освен вработените на контролорот).
  • „Соодветни лични податоци“ значи лични податоци во однос на коишто ние сме контролорот. Тоа експлицитно не ги вклучува личните податоци за коишто ние не сме контролорот.
  • „Чувствителни лични податоци“ значи лични податоци за раса или етничка припадност, политички ставови, религиозни или филозофски убедувања, членство во синдикат, физичко или ментално здравје, сексуален живот, какви било вистински или наводни кривични дела или казни, матичен број, или кои било други информации коишто може да се сметаат за чувствителни според важечкиот закон.
  • „Стандардни договорни клаузули“ значи клаузули за пренос на обрасци коишто се усвоени од Европската комисија или од Орган за заштита на податоци и се одобрени од Европската комисија.
  • „Страница“ значи секоја веб-страница којашто е управувана или одржувана од нас или во наше име.

 

Иновативни, паметни и ефикасни решенија

Тестирани и сертифицирани решенија

Посветени на одржлива градба