Услови и одредби

Пред да ја посетите страницата, треба да го прочитате следново одрекување од одговорност. Користењето на страницава покажува дека ги прифаќате условите од одрекувањето од одговорност. Подолу ќе ги најдете и сопствениците на фотографии за сите фотографии коишто беа користени на страницава. 

Оваа веб-страница е наменета да обезбеди основни информации за Etex SA/NV и фирмите коишто се членки на групацијата Etex.

Иако Etex прави разумни напори да ги презентира информациите за коишто верува дека се ажурирани и точни, Etex не одговара за доверливоста на информациите и не гарантира за адекватноста, точноста, целосноста или правилноста на таквите информации, ниту пак гарантира и одговара дека страницата е целосна во секој поглед.

Ниту Etex, ниту која било фирма којашто е членка на групацијата Etex, нема да има никаква одговорност којашто произлегува од користењето на информациите коишто се дадени тука, отсуството на какви било конкретни информации на веб-страницата, можните прекини или технички грешки на веб-страницата и/или содржината на надворешните веб-страници со коишто оваа веб-страница може да има врски.

Имињата и логоата коишто се појавуваат на страницата се заштитени како трговски знаци, трговски имиња и/или со какви било други права на интелектуална сопственост. 

Известување за приватност

Сите лични податоци коишто се добиени преку оваа веб-страница, ќе се користат само за внатрешни цели во рамките на групацијата Etex. Овие податоци нема да им бидат доставени или продадени на трети страни под никакви околности во рамки на наша контрола. Во согласност со белгискиот закон за приватност, имате право да се консултирате и да ги поправите личните податоци.

Колачиња

Веб-страницата на Etex користи колачиња. Колачињата се мали датотеки коишто се зачувани на компјутерот. Тие се користат за складирање на често користени податоци коишто потоа можат да се обноват автоматски при прикажување веб-страници. Нашите колачиња на ниеден начин не се штетни за вашиот компјутер: Etex ги користи за полесно движење и прикажување на своите веб-страници. Ако вашиот компјутер е поставен автоматски да прикажува предупредувања за колачиња, можете да ја оневозможите или деактивирате оваа опција во прелистувачот. Во секое време можете рачно да ги отстраните колачињата од компјутерот. Тие обично се складирани во папката „Колачиња“.

Etex N.V.
PassPort Building
Luchthaven Brussel Nationaal
Gebouw 1K
1930 Zaventem
BELGIUM

0400 454 404
RPM Brussels RPR

Иновативни, паметни и ефикасни решенија

Тестирани и сертифицирани решенија

Посветени на одржлива градба